Одделенските наставички Јасмина Ортаковска, од II1, и Мирјана Тасевска, од III2, од ООУ “Тодор Ангелевски“ од Битола, Нансен Дијалог Центар – Скопје ги препозна како дел од групата од дваесет посветени наставници во државата. “Нансен Дијалог Центар“е локална невладина и непрофитна организација, поддржана од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. НДЦ Скопје е профилиран како интеркултурен ресурсен центар, кој континуирано создава и развива иновативни стратегии, пристапи и ресурси за интеркултурно воспитување и образование, поддржувајќи ги наставниците и учениците во креирањето на нови и успешни интеркултурни училишни практики.
Имајќи предвид дека наставничките Јасмина Ортаковска и Мирјана Тасевска ги завршиле и двата циклуси, Модул А и Б, од обуките за Интеркултурно образование, за што се здобиле со Сертификати, верифицирани од страна на трите партнерски организации (МОН; НДЦ Скопје и Совет за интегрирано образование на Северна Ирска). И дека реализирале голем број на разновидни проекти, активности со интеркултурни елементи и дека повторно самоницијативно ќе креираат нови интеркултурни практики, НДЦ Скопје ги препозна и награди меѓу најуспешните дваесет наставници од нашата држава.
Покрај неколкуте пакети со материјали и нагледни средства кои ги добија во текот на нивното учество во проектите на НДЦ, за нивниот трудољубив ангажман и нивната заложба за промовирање на интеркултурни елементи, континуирано низ севкупниот воспитно-образовен процес. По повод ова признаниe, НДЦ ги награди со тоа што им обебзбеди и по еден принтер во боја EPSON, коj ќе им послужи во нивните училници за полесен и покративен секојдневен наставен процес.
Мирјана Тасевска и Јасмина Ортаковска заедно со нивните ученици се доказ дека со многу труд и неизмерна љубов кон својата работа ништо не е невозможно. Нивната безрезервна заложба за успешното спојување на секојдневните активности од наставната програма со меѓународни проекти резултира со голем успех во стекнувањето на нови знаења и вештини кај учениците.
Со тоа тие докажуваат дека и во Македонија наставата во училиштата може да има квалитет од светски ранг.

Наставничките Јасмина Ортаковска и Мирјана Тасевска наградени од “Nansen Dialogue Centre“
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- По 20. пат во Битола дефиле на Широк Сокак и тематска средба на “Мобилност Битола“ (фотогалерија)
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола





