Она што им се случи на младите ракометари денес по победата во Битола ретко им се случува и на најголемите светски ѕвезди и спортисти, да бидат вратени на бис.
По прославувањето на победата по натпреварот се повлекоа во соблекувалната, каде го направија победничкото селфи, а тренерот Зарков им го закажа новиот тренинг, по што останаа влудоневидени дека публиката ги чека во салата и дека ги бараат да им се придружат.
Во салата ги чекаа од едната страна навивачката група “Чкембари“, а од другата најверните навивачи, кои не сакаа да си одат дома. Потоа со нив се фотографираа со што покажаа почит кон нив, а почитта беше обострана, бидејќи со победата над Вардар и се она што го покажаа ја заслужија.
А кога се вратија во соблекувалната ги чекаше ладно пиво кои лично им го купи и донесе големиот спортист Стипе Мандалиниќ, со што им ја честита победата.










