Прилеп – Еурофарм Пелистер 24:41 (12:22)
Екипата на Еурофарм Пелистер од Битола по победата во Атинас е врати на домашните натпревари и вечерва во Прилеп ја победи истоимената екипа со резултат 24:41 во пелагониската пресметка и остануваат во борба за првата позиција пред влезот за разигрување за титулата.
На стартот на натпреварот екипата на Еурофарм Пелиситер започна со најдобриот состав и брзо дојде до +4 (0:4), а потоа до крајот на првото полувреме дојде до +10 (12:22). Со рутинска игра ‘“пелистерци“ продолжија и во второто полувреме, а тренерот Бабиќ направи и голем број на тактички варијанти, но победата ниту еднаш не беше доведена под знак прашалник.
Кај Еурофарм Пелистер Ненад Костески беше најефикасен со единаесет гола, пред Мараш, Обрадовиќ и Табоада со по четири реализации.
Фото: РК Прилеп










