Пред натпреварот на КК Пелистер АД Битола со ривалот КК Работнички Скопје, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на вечерашните подготовки на кошаркарите за утрешниот дуел.
Во разговорот со нив, градоначалникот беше детално информиран за досегашните постигнувања, но и за проблемите со кои се соочува клубот, после колективната оставка на раководството, како и за потребата од брзо надминување на истите. Во овој контекст, градоначалникот им вети поддршка, нагласувајќи дека локалната самоуправа стои зад нив, како голем поддржувач на кошаркарите, клубот и целиот стручен штаб.
-Ви благодарам за поканата, сакам да ве поздравам сите и се надевам дека ќе бидам се почесто присутен, тука, на овие трибини. И да се радуваме на многу победи. Како општина Битола, како градоначалник, сакаме да застанеме зад Вас. Вашиот тренер, како гарант, заедно со Вас, врвни играчи професионалци, сте луѓе кои сте тука да ни го обелат образот на Битола и од Битола да направат една убава приказна. Се надевам дека ќе продолжиме заедно и понатаму и заедно ќе се радуваме на многу победи. Ќе се потрудиме да направиме се што треба, во границите на нашите можности, во рамките на нашиот буџет, да ви се овозможат сите потребни услови. Ви посакувам победа на натпреварот против Работнички, им порача градоначалникот Коњановски на кошаркарите.
Натпреварот од првата лига на осмото коло, помеѓу КК Пелистер и КК Работнички, ќе се одигра утре, од 20 часот, во Спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола.

Коњановски со поддршка и желба за успех на кошаркарите на Пелистер (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето









