Пелистер – Работнички 88:84
Екипата на Пелистер продолжува со 100% учинок, осма победа во 8. коло. Во Битола победен секогаш мотивираниот Работнички со резултат 88:84, во натпревар кој со внимание го гледаа околу 1.000 битолчани, љубители на кошарката.
Работнички на стартот на натпреварот добро започна и дојде до водство од 12:14. Следуваше серија на “пелистерци“ Малешевиќ постигна осум поени, а во последниот напад запишаа пет поениза 27:24 на крајот од првиот квартал.
В0 втората четвртина Пелистер одлично одигра во одбрана, ги затвори центрите на Работнички и брзо дојде +12 (52:40) со кој резултат се отиде на одмор.
Во третата четвртина “Пелистер дојде до највисоки +15, но потоа Работнички намали на шест разлика 69:63, за интересен последен квартал.
“Пелистерци“ одржуваа разлика во последната четвртина, која дојде до десетина поени. Работнички не се откажа, но Кесар и Младеновиќ погодија тројки, за конечни 88:84 и осма победа.
Кај Пелистер најефикасен Кесар со 19, а по него и Малешевиќ со 15 поени.
[ngg src=”galleries” ids=”838″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”alttext”]










