РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека предвидената фан-зона со забавни и спортски активности пред натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања се откажува по веста за страотната несреќа во Бугарија, во која загинаа десетици македонски државјани.
Натпреварот Еурофарм Пелистер – Татабања редовно ќе се одигра од 18:45 часот.










