Press "Enter" to skip to content

Во клубската пресметка Еурофарм Пелистер надмоќен над Еурофарм Пелистер 2 (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 20:38 (9:18)

Во клубската пресметка на двата братски клубови од Битола, во второто битолско дерби оваа сезона победија поискусните ракометари на Еурофарм Пелистер кои беа “гости“, кои ги победија Еурофарм Пелистер 2 како домаќини, убедливо со резултат 20:38. Двете екипи започнаа со комбинирани состави со по неколку измени на стартерите.Натпреварот започна со иницијатива и со водство на Еурофарм Пелистер, кој по 22, дојде за брзо до 4:8. Но и тајм аутот на Јовиќ се продолжи со одличната игра на поискусните, а на пет минути до одморот имаа водство од +6. До крајот на полувремето постигнаа уште 3 гола  за  9:18 на полувреме. Во ист ритам започна и вториот дел, а се отвори со серија 7:1 за Еуеофарм Пелистер, за највисоки во 38. минута. Со шаренолики состави и без одбрани се одиграа последните десетина минути и Еурофарм Пелистер запиша лесна победа од 20:38. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беше Костески со десет погодоци, додека во тимот на Еурофарм Пелистер 2 се истакнаа Ѓорговски со пет.Во следното 13. коло Еурофарм Пелистер го пречекува Тиквеш, а Еурофарм Пелистер 2 гостува во Скопје кај Бутел. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »