Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј поразени во Битола (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 0:3

(15:25; 21:25; 20:25)

Во рамките на 10. коло од Државната одбојкарска лига жени, во Битола, екипата на Пелитер Волеј е поразена од Фит Фан Волеј од Скопје, во натпревар во кој ги загубија трите сета.За овој пораз тренерот на Пелистер Волеј вината ја посочува кај неговиот тим, а додава дека гостите ја заслучија победата:-Пораз од денес далеку подобриот противник кој беше помотивиран и дојден со една цел во Битола – да победи и им честитаме за подобрата игра. Гостите сосема заслужено ги носат трите бода и победата во Скопје, а ние по кој знае кој пат покажавме дека оваа сезона играме доста турбулентно, без голема храброст, често непослушно, а со таков пристап нема што да се добие освен пораз, вели Митковски и додава:

-Тешко игравме и не се вративме во игра за победа. Не помагаа ни нашите совети, бројните измени за да се даде простор да се направи психолошки пресврт, не помогна ни бодрењето на публиката, едноставно делуваме отсутно и несконцентрирано, како почетничка екипа која прв пат се најдува во терен. Апсолутно разочарувачки, кога сите услови во клубот се на највисоко ниво, ние функционираме со 30% од она што сме.Поените ги освоија: Ева Трпеновска 14, Ана Ивановиќ 4, Стефани Најдановска 4, Меланија Каралиоска 4, Михаела Цветановска 2, Ивана Белокозовска 2, Василиче Наумоска 1 и Сандра Дамчева 1.

Фото: Д. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »