Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битола, во спортската сала во Економското училиште во Битола, се одржа општински натпревар во пинг-понг за основни училишта во женска и машка конкуренција, по одржаните натпревари во училиштата.
Во натпреварите во женска конкуренција во која учество зедоа 7 училишта од зона Битола, регион запад, во екипна конкуренција ообедник е ОУ “Климент Охридски“, второпласирано е ОУ “Тодор Ангелевски“ и на трето место е ОУ “Даме Груев“. Во поединечна конкуренција на прво место е Миа Димовска од ОУ “Даме Груев“, на второ место е Марија Стојановска од ОУ “Тодор Ангелевски“ и на трето место Ева Стефановски од ОУ “Климент Охридски“.
Во машка конкуренција учество зедоа 9 училишта од зона Битола, регион запад, во екипна конкуренција на прво место ОУ “Славко Лумбарковски“, на второ место е ОУ “Трифун Пановски“ и на трето место ОУ “Коле Канински“. Во поединечна конкуренција првопласиран е Филип Ангела од ОУ “Климент Охридски“, второплсиран е Дарко Китановски од ОУ “Коле Канински“ и на трето место Христијан Илиевски од ОУ “Славко Лумбарковски“.

Миа Димовска и Филип Ангела победници на општинскиот натпревар во понг-понг за основци (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето









