Press "Enter" to skip to content

Обрадовиќ: Спортинг има предност на домашен терен, ние сме подготвени да играме за победа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес од Битола отпатува за Португалија каде утре ги очекува натпреварот против екипата на Спортинг. Ракометарите од Битола веќе шест недели имаа позитивни резултати и во далеку подобра клима го чекаат утрешното гостување иако пред себе ривал кој ретко губи на домашен терен. 

Српскиот репрезентативец Немања Обрадовиќ кој од оваа сезона ги брани боите на Еурофарм Пелистер, а за утрешниот натпревар против Спортинг вели:

-Имаме самодоверба и победничко чувство. Лутавме на натпреварот против Ним, но потоа ја најдовме нашата форма. Спортинг е интересна екипа, но далеку од тоа дека не можеме против нив. Игравме на нивни терен, можеби тоа е мала предност, но далеку од тоа дека не сме подготвени и дека нема да играме во Лисабон на победа.  Цел ни е да им ги одземеме тие таканаречени лесни голови и полуконтрата. Мислам дека имаме шанса и ако го исполниме договореното имаме шанса за еден или два бода.

Спортинг и Еурофарм Пелистер  игра утревечер од 20:45 часот. Ќе им удат веќе делегирани Михал Бадура и Јарослав Ондогрекула од Словачка, а делегат на натпреварот е Константин Дин од Романија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »