Во организација на Сојузот за училишен спорт од Битол се одржа опптинското првенство во шах, за учениците од основните училишта од Битола.
На општинско првенство во шах во машка конкуренција победник е ОУ “Елпида Караманди“ второпласирано е ОУ “Коле Канински“ и на трето место ОУ “Трифун Пановски“. Во женска коннкуренција победник е ОУ “Кирил и Методиј“ на второ место ОУ “Стив Наумов“, а на трето место ОУ “Трифун Пановски“.
Поединечно победник во женка конкуренција е Наде Смилевска, второпласирана е Лина Чашитовска, а на трето место е пласирана Јана Китановска.
Во машка конкуренција победник е Давид Смилевски, второпласиран е Андониан Волканов и на трето место е Андреј Огненовски.










