Press "Enter" to skip to content

Пелистер се враќа во Битола со пораз од Шкендија, иако имаше водство

Шкендија  – Пелистер 2:1 (0:1)

Екипата на Пелистер е поразена од Шкендија на гостувањето во Тетово, иако со ефекстен гол од слободен удар на Јуфо поведе со 0:1 во рамките на 16. коло од Првата фудбалска лига. И по 16 кола “пелистерци“ се без победа и остануваат на дното на табелата.

Домаќините од првата минута ја презедоа иницијативата, а гостите од Битола се одржуваа да не примат гол. Кога никој не очекуваше во последните мигови од првиот дел, во 43. минута Јуфо од слободен удар погоди за 0:1.

Во второро полувреме, на стартот екипата на Шкендија, во 48. минута Гури со глава го матира Трајчевски за нерешено 1:1. Голорт за победа на Шкендија дојде во 83. минута, по корнерот Кривак со глава погоди за 2:1. 

Пелистер првпат победа оваа сезона ќе брка в среда против Борец во Битола.

Фото: ФК Шкендија

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »