Еурофарм Пелистер утре во Битола го очекува шестиот натпревар од “Д“ групата од Европската лига на ЕХФ, против Спортинг, со кои играа пред една седмица и одиграа реми. Во пресрет на дуелот екипата се подготвува, а Реиние Табоада, по аклиматизацијата во Битола игра во одлична форма и е меѓу најдобрите во битолскиот тим.
-По првиот натпревар, на кој не бевме склопени и беше почеток на сезоната, сега сме многу подобри и во одбрана и во напад. Делуваме како комплетна екипа. Спортинг е тактички добар тим, имаат одличен тренер и добри индивидуалци. Напорно и детално се подготвуваме за овој втор натпревар и верувам дека ќе освоиме два бода во Битола. Кога дојдов ми требаше адаптација на новата средина, тука е и бариерата со јазикот. Сега е полесно. По првите два месеци на прилагодување, сега сите детали се одлични. Соиграчите и тренерот ми помагаат, се чувствувам одлично и едвај ги чекам европските натпревари, изјави Табоада.










