Екипата на Јени Маале од Битола одигра една одлична полусезона со 6 победи и 3 нерешени резултати со само 4 гола примени се наоѓа на второ место на табелата, што е најголем успех на клубот од оваа населба во Битола досега.
За 2. место кое за некои е изненадување, за некои не, капитенот на Јени Маале, Никола Пискачев, вели:
-Не знам ни јас дали сме изненадување или не. На почетокот амбициите беа како и секоја предходна година да покажеме добар фудбал и дружење. Во тоа успеавме и можеме да кажеме дека оваа полусезона ја одигравме како по ноти. Пред нас сега престои пауза, па на пролет добро одморени и позитивна енергија да покажеме уште подобри игри. Се надевам дека не сме изненадување, а тоа мораме да го докажеме и на пролет, за што ќе мораме во оваа пауза да одработиме малку посериозни зимски подготовки.
Јени Маале како и секоја година во предходните 13 години, уште еднаш ќе го докаже ова што го реле капитенот, дека можеби на прво место им е дружењето, ќе имаат гала вечера во петок во ресторан “Вила Виста“ каде што ќе бидат прогласени најдобрите за оваа полусезона и нормално одлична забава, каде ќе се засили хемијата на екипата, или еден вид на тим-билдинг, кој за жал поради финансиите трае само еден ден. На оваа посебна за нив вечер ќе бидат промовирани и новите дресови со кои ќе играат во пролетниот дел.










