Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со голема победа во Битола во одлична ракометна атмосфера (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Спортинг 31:25 (14:13)

Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола, во одлична ракометна атмосфера одигра одличен натпревар во која ја победи екипата на Спортинг од Лисабон во рамките на 6. коло од “Д“ групата од Европската лига со резултат 31:25, и по шест одиграни кола го презеде второто место на табелата. Ова е трета победа по ред на “пелистерци“ со кои го потврдија квалитетот.

Првото полувреме започна во знакот на Еурофарм Пелистер кој поведе со 4:2, а потоа и 5:2. Следуваше пад во играта на тимот на домашните и следуваа десет минути без постигнат гол,, за прсврт 5:8). Пред крајот на првото полувреме домашните израмнија 13:13, а во финишот на првиот дел имаа предност од 14: 13 по што следуваше одморот.На стартот на второто полувреме Еурофарм Пелистер имаше +2 за 16:14, а по 10 минути игра беше 21:17. На десет минути пред крајот, битолчани имаа +6, 26:20,  а потоа рутински дојдоа до победа за радост на публиката.Кај Еурофарм Пелистер најефикасни беа Мандалиниќ и Периќ со по 7 постигнати гола, а  Табоада и Граџан имаа постигнато по 4 гола, а голманот Секели собра 12 одбрани. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »