Фудбалскиот клуб Јени Маале од Битола, кој има седиште во битолската населба која го носи истото име, по тринаесетти пат ја одржа сега веќе традиционалната забава со која го заокружи есенскиот дел од натпреварувачката сезона 2021/2022 година. На почетокот гостите ги поздрави капитенот на екипата Никола Пискачев кој во таа пригода покрај другото истакна дека она што ФК Јени Маале го прави да биде поразличен клуб од сите останати кои натпреваруваат во општинската фудбалска лига на Битола е другарството, синергијата, кохезијата која владее во клубот.
Дополнително во таа насока истакна дека како капитен на екипата е задоволен од постигнатите резултати и дека истите не се случајни, ако се земе во предвид фактот дека припремите на екипата траеја долго, се одиграа поголем број на контролни (пријателски) натпревари и во натпреварувачкиот дел од сезоната се влезе многу одговорно и дисциплинирано.
Пред почетокот на забавата, Никола Пискачев како капитен на екипата изрази особена благодарност до сите спонзори и помагатели на клубот, пред се на Горан Лукач, Николче Јошка Симоновски, Митко Стојковски и останатите. Нагласи дека екипата успеа да обезбеди нови дресови со кои ќе игра наредната полусезона, а кои ги доби од новиот спонзор “Реприм“ фирма за електро материјали од Битола и нејзиниот сопственик Гоце, кој беше и дел од самиот настан.
Клубот како и сите претходни години, така и оваа година избра најкорисен играч за полусезоната, а честа оваа година му припадна на Александар Митревски, кој од капитенот на екипата доби дрес, како еден вид на внимание и благодарност за неговиот ангажман.
Претседателот на клубот Благој Делев кој беше спречен да присуствува на забавата од објективни причини со видео порака ги поздрави играчите и останатите присутни гости и со зборови на благодарност искажа задоволство од постигнатите резултати на клубот. Искажа благодарност и за присуството на некогашниот капитен на Пелистер и на Вардар – Димче Ристевски Врапче, кој е еден од поголемите поддржувачи на клубот, пред се во спортска смисла. Дополнително, претседателот во таа прилика го “оправда“ и отсуството на Митко Стојковски и Тони Мицевски кои се неизбежен дел од сите традиционални забави, но и составен дел на самата екипа.
И оваа година, како и сите претходни за забавата беа задолжени групата „Џокер Бенд“ кои беа на висина на задачата. Имаше и моменти во кои и дел од играчите, конкретно Андреј Лозановски кој во екипата е задолжен за штимунг, ја презеде улогата на пејач и испеја неколку песни со кои придонесе до зголемување на задоволството кај сите присутни на забавата.

ФК Јени Маале со 13. фудбалска забава, Александар Митревски најдобар фудбалер за полусезоната (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Инвестиција од 46 милиони евра во хидроелектраните на АД ЕСМ: Модернизацијата на опремата ќе донесе зголемено домашно производство и приходи од најмалку пет милион евра годишно
- Со нова механизација се модернизира “Нискоградба“ Битола
- Регионална платформа за млади во Битола – моделот од Пелагонија со потенцијал за примена и во други региони во земјата (фото)
- СВР Битола: пријава за физички напад, пронајдено починато лице
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
More from СпортMore posts in Спорт »
- Лино Червар пред стартот на европска сцена: мора да играме одбрана, публиката е нашата сила во Битола!
- Три подиуми за АК Олимп на “Ilinden Run“, Крстевска со личен, Бакрачи со национален рекорд
- Пред првиот европски натпревар на Еурофарм Пелистер – фан зона пред сала
- “Братското дерби“ во Битола за “постариот брат“ (фото)
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето









