Press "Enter" to skip to content

Бојан Трајковски не е повеќе дел од тимот на КК Пелистер

Крилниот напаѓач и капитен на кошаркарскиот клуб Пелистер, Бојан Трајковски, не е повеќе член на клубот, а наскоро ќе се знае под кои услови замина од Битола.

Деновиве треба да биде составена новата Управа на клубот откако Советот на Опптина Битола, даде зелено светло, односно изгласа Решение за измена на Решението за изменување на постојан овластен претставник од Советот на Општината Битола за годишните собранија на Друштвото за спортски дејности КК Пелистер.

По официјализирање на новата Управа, која најверојатно ќе ја предводи како претседател Зоран Талевски, новиот директор на КЈП “Нискоградба“ од Битола, официјално ќе се кажат причините и условите под кои замина Трајковски.

По одложувањето на четвртиот “балон“ од АБА2 лигата во Бања Лука, тренерот Марјан Илиевски и новата Управа ќе ги соопштат и новите засилувања, кои ќе ги воигрува со тимот по заминувањето на Трајковски и повредата на Ѓуровски.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »