Press "Enter" to skip to content

Кугларите на Пелистер го победија директниот конкурент ГТЦ Мусандра

Пелистер – ГТЦ Мусандра 7:1

Во рамките на  првото коло редовното коло од Македонската кугларска, кое требаше да се одигра пред новогодишните празници, а беше одложено, вчера во кугланата која се наоѓа во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола, кугларите на Пелистер 1982 од Битола ја победија екиоата на ГТЦ Мусандра од Скопје, убедливо со резултат 7:1. 

Оваа победа е значајна поради тоа што екипата на ГТЦ Мусандра е директен конкурент за Пелистер за пласман кој носи излез на европска сцена, а значајна е поради рушењето на рекордот најдобар резултат постигнат во битолската куглана, која сега го има Пецо Димовски со 600 соборени дрвца.

Екипата на Пелистер ја сочинуваа: Игор Михајловски, Цане Поповски, Љупчо Спирковски, Пецо Димовски, Архан Арслановски, Никола Андоновски и Влатко Трајчевски.

Претходно се одигра 2. коло, а екипата на Пелистер беше поразена од екипата на Вардар на гостување во Скопје со резултат 5,5:2,5.

Во наредното 3. коло екипата на Пелистер е слободна, а следен натпревар во Битола е против екипата на Макпетрол Б.

“Пелистерци“ покрај натпреварите во државното првенство ќе се натпреваруваат и во Купот, а им престои и државното поединечно првенство.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »