Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ Гол ги започна подготовките за пролетниот дел (фото)

Денес сениорската женска екипа на Топ гол во Битола, на теренот на “Ќумурното игралиште“ ги започна подготовките за следната полусезона.Шефот на стручниот штаб Кире Грбевски, по прозивката на фудбалерките го одработи првиот тренинг со што го означи стартот на подготовките.-На првата прозивка отсуствуваат три фудбалерки кои претходно го најавија своето отсуство. Им посакав многу здравје и пријатна работа и секако сезона беа повреди и из0лации. Го презентирав планот за работа и целите за ова сезона. Што се однесува до играчкиот кадар ја продолжуваме соработката со сите фудбалерки, а во преговори сме со неколку засилување во овој преоден рок. Подготовките ќе се одвиваат во неколку фази, а во зависност од здравствената состојба и временските услови ќе планираме и дел да се одржат надвор од Битола, ни изјави Грбевски.

More from ВестиMore posts in Вести »