Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер во 11. СЕХА лига, Загреб, Партизан и Татран Прешов доаѓаат во Битола

11. сезона на СЕХА лигата ќе се игра, потврди денес Извршниот комитет на СЕХА лигата на последниот состано. Комитетот ги потврди имињата на тимовите во атрактовното регионално натпреварување во сезоната 2021/22.

Во СЕХА ќе се натпреваруваат десет екипи од седум различни земји, а во Битола, а системот на игра ќе биде ист како и во претходната сезона, што значи дека десетте екипи ќе бидат поделени во две групи, А и Б, со тоа што и овој пат екипите на Веспрем и Мешков Брест ќе ја скокнат групната фаза и во лигата ќе се приклучат во четвртфиналето.

Еурофарм Пелистер е во “А“ групата, каде се уште Партизан од Србија, ППД Загреб од Хрватска и Татран Прешов од Словачка.

Во “Б“ групата се Вардар, Мотор Запорожје, Нексе и Војводина.

Почетниот датум и целосниот календар на натпреварот ќе бидат објавени во наредните денови.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »