Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 28:26 (13:13)
Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола
Судии: Методија и Михајло Илиевски
Еурофарм Пелистер: Кизиќ 1, Ивановски, Обрадовиќ 5, Танковски 5, Табоада 1, Арсеновски 5, Божиќ Павлетиќ 3, Кукуловски, Павле Атанасијевиќ 1, Стоилевски 3, Кукоски, Марковски 4
Еурофарм Пелистер 2: Трајковски, Јовановски, Ристевски, Талевски 3, И. Димитровски, В. Димитровски 5, Димитриоски 6, Петровиќ 3, Петар Атанасијевиќ 3, Митревски 1, Ѓорговски 2, Ѓукиќ 1, Блажевски 2, Буторац, Петковски
Екипата на Еурофарм Пелистер по една седмица од подготовките во Битола ја имаше и првата контрола, а прв противник беше екипата на Еурофарм Пелистер 2.
Во дуел со полувремиња од по 25 минути за нијанса поуспешни беа ракометарите на Жељко Бабиќ, засилени со Павле Атанасијевиќ, Стоилевски и Арсеновски од Еурофарм Пелистер 2 и младиот Марковски од младинската екипа, а на полувреме беа изедначени резултатски 13:13.
Во Битола играа и репрезентативците на Македонија кои се вратија од Европското Кизиќ и Трајковски. На патркетот во Битола ги немаше Радовиќ, Мараш, Секељи, Граџан, Мандалиниќ, Ојлески, Маџовски, Никола Маркоски, Велковски, Кузманоски, Костески.
Еурофарм Пелистер в недела патува на подготовки во Хрватска, а Еурофарм Пелистер 2 ќе продолжи со тренинзи во Битола.










