Press "Enter" to skip to content

Тренерите на Еурофарм Пелистер, Мојсов и Соколески со “ЕХФ мастер коуч“ лиценца

Екипата на Еуорофарм Пелистер од Битола им овозможува на тренерскиот кадар да напредува и да се надоградува, а деновиве во Битола членовите на стручниот штаб Божидар Мојсов и Ице Соколески  се стекнаа со највисоката ракометна лиценца, ЕХФ мастер коуч.

Двајцата помошници на Жељко Бабич, Мојсов и Соклески беа од шестдневниот семинар во Врњачка бања, во организација на ЕХФ и Српскиот ракометен сојуз, и двајцата македонски го завршија својот завршен модул.

Покрај одбраната на темите, на семинарот свои предавања на неколку теми имаа Марко Исаковиќ, Жолтан Марчинка и Владимир Копривица.

Божидар Мојсов неколку пати го водеше тимот на Еурофарм Пелистер на домашните и межународните натпревари, а Соклевски е стандарден тренер на голманите во Битола, а на ова европско првенство беше тренер на голманите на македонската сенорска репрезентација, во подготовките и на натпреварите во Дебрецин.
More from ВестиMore posts in Вести »