Press "Enter" to skip to content

Едгар Али Натрант дефанзивец од Сенегал прво засилување во Пелистер

По враќањето на акциите кај Општина Битола и именувањето на новите структури во ФК Пелистер по именувањето на Марјан Секуловски во Битола е доведено и првото засилување, а тоа е сенегалскиот дефанзивец Едгар Али Натрант.

Овој 21-годишен фудбалер доаѓа во Битола на позајмица од Шкупи, со иста формула како сонародникот Гудиаби минатата година. Али Натрант игра на позицијата десен бек, а по потреба може да помогне и во средниот ред.

Се работи за 176-сантимерти висок и брз фудбалер, кој одигра само еден натпревар во првиот дел на шампионатот за лидерот Шкупи.

На Пелистер ќе му биде од корист, посебно по најaвeното заминување на Усни Исмаили, кој играше крај десната аут линија во првиот дел на шампионатот.

More from ВестиMore posts in Вести »