Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер во Битола со победа ја отворија новата спортска 2022 (фотогалерија)

Пелистер – Навико ФМП 94:73

Кошаркарите на Пелистер и во новата година, во нивниот прв првенствен натпреавр во Битола продолжија со победите и со тоа со победа на радост на битолани ја отворија новата спортска 2022 година. Вечерва во дуелот од 13. коло во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола убедливо ја победија екипата на Навико ФМП со резултат 94:73 во натпревар во кој избраниците на тренерот Марјан Илиевски не им дадоа на гостите можноста за ништо повеќе од пораз.Екипата на Пелистер започна во првата четвртина со многу цврста одбрана и ефикасен напад, а гостите не одговорија на оваа игра. Ваквата игра бепше во текот на првите 10 минути и на одмор се отиде со убедливи 30:12, по што веќе беше познат победникот во Битола.

Во втората четвртина гостите иако играа подобро сепак не дојдоа во можност резултатски да се доближат, со +16 се отиде на одмор.И третата четвртина започна во знак на Пелистер и со атрактивните кошеви на Кесар за водство од 20 поени. Битолчани продолжија со актактивни потези на радост на публиката, а погодуваа Хотон, Малешевиќ и Кесар битолчани Во последната четвртина двете екипи направија многу технички грешки, но Пелистер остана без пораз на 13 кола колку што се одиграни за убедлива победа и лидерство на табелата.За домашната екипа дебитираa Пајиќ и Георги Трајковски, а заради повреда не настапија Младеновски и Ѓуровски. Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 24, Малешевиќ со 20 и Хотон со 17 поени.На натпреварот во публиката беше и новата управа на клубот предводена од претседателот Зоран Талевски.

[ngg src=”galleries” ids=”892″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]

More from ВестиMore posts in Вести »