Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа стартуваше на подготовките во Хрватска

Целје Пивоварна Лашко – Еурофарм Пелистер 30:32 (15:15)

Спортска сала „Златорог Арена“ – Целје
Судии: Дејан Цветник и Урош Тврншек – Словенија

Целје Пивоварна Лашко: Бојиќ, Качижњик, Терзиќ, Mазеј 4, Корже Лезјак 1, Разгор, Цокан 7, Иванковиќ 4, Кодрин 1, Жабиќ 1, Mлакар 2, Влах 9, Сухолежник 1, Габерше

Еурофарм Пелистер: Кизиќ 1, Ивановски, Ојлески, Кукуловски 3, Павле Атанасијевиќ, Кузманоски, Танкоски, Периќ 9, Костески 3, Кукоски, Велковски, Божиќ Павлетиќ 2, Граџан 3, Обрадовиќ 4, Табоада 6, Арсеновски 1

Во првиот контролен натпревар кој се одигра во рамките на подготовките на ракометарите на Еурофарм Пелистер во Хрватска, тие ја победија екипата на Пивоварна Лашко со резултат 30:32, а на полувреме играа нерешено 15:15. Натпреварот се одигра ден по пристигнувањето во Загреб. 

Дуелот долго време беше израмнет, но шареноликиот состав на Еурофарм Пелистер пронајде начин во финишот да извојува победа од 30:32. Во екипата од Битола најефикасен беше Периќ со девет погодоци, а одличен натпревар одиграа и Кукуловски и Костески. Одличен меѓу стативите беше Кизиќ со единаесет одбрани.

Следниот натпревар на Еурофарм Пелистер е на 26 јануар против екипата на Сесвете.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »