Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 го договори Мартин Ивановски за следната сезона на позиција среден бек

Управата на Еурофарм Пелистер од Битола продолжува со екипирање на двете екипи за следната сезона, а во таа насока во Еурофарм Пелистер 2 потпиша договор за следната сезона со охриѓанецот Мартин Ивановски.

Ивановски ќе го носи дресот на ракометниот колектив од Битола, кој се потпира на млади и талентирани играчи во кои се гледа иднината на домашниот ракомет.

Ивановски е ракометар кој игра на позиција среден бек. Играчот настапува за тимот на Охрид, а во 2015 година беше дел и од ракометниот камп на Веспрем.

 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »