Press "Enter" to skip to content

И Петар Љамчевски се врати во Битола, најново засилување на Пелистер

Екипата на Пелистер од Битола продолжува со потезите со цел доекипирање со една цел, да се оствари за многумина невозвожното, опстанок во Првата лига, а денес претставија уште едно засолување, во името на Петар Љамчевски, кој замина во 2020 година, во Гостивар, па во Туквеш, и од Вардар доаѓа во Битола.

Љамчевски има 30 години и уште денес му стави на располагање на новиот стратег на Пелистер, Марјан Секуловски, а ова е четврто име за неколку дена. По потпишувањето на договор, пред првиот тренинг на Љамчевски во Пелистер рече:

-Му благодарам на Вардар што ми овозможи да се вратам во Пелистер. Му посакувам многу среќа и што поскоро да се врати во Прва лига. Што се однесува на Пелистер, мислам дека ништо не е загубено. Со уште неколку засилувања можеме да бидеме конкурентни. Секој натпревар за нас ќе биде финале. Се надевам дека ќе успееме да стигнеме до баражот и да останеме во елитата.

More from ВестиMore posts in Вести »