Press "Enter" to skip to content

Совети од лабораторија: Д-димер, кога и колку често треба да се мери

Авторот е дел од тимот на ПЗУ “Д-р Костурски“ во Битола, во дијагностичкаta биохемиска лабораторија

D-димер е мал протеински фрагмент од системот за згрутчување на крвта, така наречен хемостаза. Спаѓа во групата на т. н. фибриндеградациони продукти кои се создаваат во процесот на фибринолиза при разградување на крвен тромб кој бил предходно формиран. Содржи два D-фрагменти од фибрин кои се поврзани со вкрстена врска, па оттука доаѓа и името D-димер. Концентрацијата на D-димери се утврдува со лабораториска анализа на примерок од крв.

Д-димер вредностите можат да бидат лесно покачени во текот на менструалниот период, во случај на хируршки интервенции, при механички повреди кај ткивата, при нивното интензивно зарастување како и при зарастување на крвни садови. Но нормалните вредности на овој параметар се доста индивидуални и зависат од животното доба и придружните заболувања. Очекувано повишен е  при бременост во различните триместри од бременоста.

Најчесто високите вредности на овој параметар се поврзуваат со постоењето на длабоки тромбози, малигни заболувања, воспаление, заболување на црниот дроб (намален клиренс), срцеви заболувања, сепса или како резултат на хемодијализа.

Но она што е најново е тоа дека неколку студии од Вухан покажаа дека покачениот Д-димер кај пациенти со КОВИД-19 е поврзан со поголема смртност, иако профилактичката антикоагулација кај пациентите со ICU во Кина не беше вообичаена кога беа извршени овие студии. Овие студии дадоа малку информации за користените анализи. Иако не е јасно каков ефект има антикоагулацијата врз нивоата на Д-димер при поставување на COVID-19, многу ниско ниво на Д-димер обично се забележува кај пациенти кои примаат антикоагулација. Кога и колку често треба да се мери Д-димерот?               

Сè уште нема консензус за тоа како треба да се користат нивоата на Д-димери за лекување и / или следење на пациенти со КОВИД-19. Соодветна е проверка на Д-димерот при доаѓањето во одделот за итни случаи, установа за итна помош или амбуланта. За хоспитализирани пациенти, не постои консензус во врска со тоа колку често треба да се мери Д-димерот или како треба да се постапува според резултатите во однос на антикоагулацијата.               

Кај пациентите кои се позитивни на Корона вирусот, неговите вредности се зголемуваат, што им укажува на лекарите на фактот дека заразеното лице може да развие посериозна клиничка слика на Ковид 19, поради што тие го третираат поагресивно од самиот почеток.              

Лекарите укажуваат на тоа дека овој тест не се работи кај сите пациенти, туку само кај оние со потешка клиничка слика. Во тој случај овој параметар е битен и покрај него се работаат уште многу анализи.              

Затоа најдобро е анализата за нивото на Д-димерот да ја работите во  консултација со лекар и проценката на неговото ниво и интерпретација да ја оставите на лекарот. Секое работење на оваа анализа на барање на пациентот може додатно да го збуни и да го изложи на непотребен трошок. Затоа следете ги напатствијата на Вашиот  матичен лекар, тој ги знае прашањата кои треба да се постават во врска со вашата здравствена состојба, и анализите кои во тој момент Ви се потребни.