Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола, кој е лидер на табелата без пораз, го донесе второто засилување во вториот дел на сезоната, а тоа е бекот Милош Пајиќ.
Николиќ има 25 години, роден во Суботица, а во Битола доаѓа од тимот на Свислион Вршац, каде зад себе остави одлична полусезона.
186 сантиметри високиот Николиќ ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе го подигне нивото на надворешните позизции, каде пелистерци веќе имаат добар избор во Стајиќ, Младеновиќ, Караџовски… Српскиот бек се очекува да дебитира против Феникс 2010.
Во досегашниот дел на сезоната во српскиот шампионат, Николиќ просечно играше 22,5 минути по натпревар и остваруваше 14,8 поени, 2,6 асистенции и 2,3 скока по натпревар.










