Сојузот на спортови на Битола и оваа година ќе ја продолжи повеќе децениската традиција на избор на најдобри спортисти и спортски екипи на Битола, а ќе ги избира најдобрите за 2021 година.
Сојузот на спортови на Битола, согласно Одлуката на Управниот одбор, ги известува сите битолски спортски клубови кои се членови на Сојузот на спортови да ги пријават своите најдобри спортисти и екипи најдоцна до 6 февруари.
Сојузот на спортови на Битола ќе избира:
-10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција,
-10 најдобри млади спортисти, до 18 години,
-3 најуспешни екипи во сениорска и
-3 најуспешни екипи во младинска конкуренција, –
-најуспешен спортист од ССРИ-Битола,
– двајца професори по физичка култура,
-ветерани и клубови
Рангирањето (врз основа на предлози од членките на Сојузот) ќе се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Сојузот.
ПРЕДЛОЗИТЕ СО ПРИЛОЗИТЕ (дипломи, билтени сл.) ДА СЕ ДОСТАВУВААТ најдоцна до 6 февруари 2022 година на портирница – “Булевар 1 ви мај“ бб (зграда на поранешен Извршен совет…) или пријавите да се достават на е-маил: ilikguro@yahoo.com
НАПОМЕНА: при електронско испраќање на предлозите да се достави и фотографија на предложените кандидати за избор.
За местото и датумот на свеченото прогласување ќе бидете известени дополнително.
За подетални информации на тел:070 207 655.










