Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите постои голема заинтересираност.
Овој пат Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на камчиња во жолчно ќесе, за што вели:
-Жолчното ќесе служи за резервоар на жолчниот сок кој се лачи после оброк кој содржи масти во црниот дроб, а се складира во жолчно ќесе помеѓу оброците. Во жолчно ќесе се ресорбира натриум, калциум, хлориди и 80%од водата на жолчниот сок со што доаѓа до концентрирање. Контракциите на жолчно ќесе се извршуваат под дејство на хормонот холецистокинин кој се лачи после обилни оброци на масти и јагленохидрати.
Холелитијазата или камењата во жолчно ќесе се јавуваат почесто кај жени, обезни, долготрајно користење на контрацептиви и бремени, генетска предиспозициј има улога истотака.

Постојат холестерински калкули кои содржат холестеролски анхидриди и липиди и калциумски калкули на ултрасонографија (ехо на абдомен) се презентираат како хиперехогени формации со “акустични сенки“ и мобилни при движење на пациентот за разлика од полипите кои се фиксни за ѕидот од жолчно ќесе немаат “акустични сенки“.
Лекувањето е со примена на дадени медикаменти, во редукција на внес на мрсна пржена храна и редукција на млечни продукти, а во потешки и чести напади на билијарна колика и холециститис и оперативно лекување со класична или лапароскопска холецистектомија.
ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос.
Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18.






