Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 лесно до првата пролетна победа во Битола (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 2020 37:26 (18:12)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола Гледачи: 500
Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески

Еурофарм Пелистер 2: Трајкоски, Јовановски, Кузманоски 4, Буторац 6, Пав. Атанасијевиќ 4, Димитровски, Митревски 5, Петровиќ 3, Димитриоски 1, Талевски 2, Пет. Атанасијевиќ 3, Табаковски 1, Белистојановски, Ѓукиќ 3, Блажевски 1, Арсеновски 4

Скопје 2020: Стојковски, Ф. Василевски 4, Мишевски 3, Чакалиќ 2, Тркалевски, А. Василевски 4, Петковски, Пешкирски 5, Грујовски 2, Благопетров 1, Пешевски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 3, Трифуновски, Калајџиски.Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола, на свој терен, ја победија екипата на Скопје 2020 и оваа пролет ја продолжија со победите кои ги имаа на крајот на минатата година. Во 17. коло го совлада новиот суперлигаш Скопје 2020 со 37:26, полувреме 18:12.“Пелистерци“ на стартот  поведоа со 6:3, по ангажирана игра во напад и одбрана дојдоа до +7 за битолчани, а на одмор заминаа со резултат 18:12. И во второто полувреме екипата на Еурофарм Пелисетр 2 продолжија со добра игра и накаде во средината на вториот дел, во 42. минута зголемија на +8, а потоа рутински дојдоа до 37:26, како краен резултат.Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Буторац со 6 и Митревски со 5 гола.

More from СпортMore posts in Спорт »