Press "Enter" to skip to content

Во два дена втора победа на Еурофарм Пелистер, денес победен Скопје 2020 во Скопје

Скопје 2020 – Еурофарм Пелистер 17:32 (13:14)

Спортска сала „Борис Трајковски“ – Скопје, гледачи: 200

Судии: Спаско и Глигор Ќаеви

Скопје 2020: Стојкоски 1, Ф. Василевски 3, Мишевски 2, Чакалиќ, А. Василевски 3, Пешкирски, Грујовски 2, Благопетров, Пешевски 1, Димчевски, Стојановски, Киселовски 3, Трифуновски, Петрески, Калајџиски 1, Андонов 1

Еурофарм Пелистер: Кизиќ, Ивановски, Мараш 2, Ојлески 2, Маџовски, Кукуловски 3, Мандалиниќ 3, Танкоски, Ризоски 2, Периќ 2, Костески 6, Велковски 2, Божиќ Павлетиќ 3, Граџан 2, Обрадовиќ 3, Табоада 2.

Втора победа во два дена во Суперлигата за ракометарите на Еурофарм Пелистер кои вечерва во Скопје ја победија екиата на Скопје 2020, во натпревар од 18. коло кој “пелистерци“ го одиграа порано поради натпреварот во Белград од СЕХА лигата кој ќе го играат во понеделник.

Натпреварот во “Борис Трајковски“ во прво полувреме беше рамноправен со многу израмнувања на резултатот. Со нешто подобар финиш на првиот дел пелистерци на одмор заминаа со предност од 13:14.

Вториот дел започна со серија 9:0 на Еурофарм Пелистер, а резултатот бепе 13:22. “Пелистерци“ одиграа одлично во одбраната и го реши прашањето на победникот. До крајот се одигра рутински, за конечни 17:32.

Во тимот на Еурофарм Пелистер Костески постигна 6 и Кукуловски, Божиќ Павлетиќ Мандалиниќ и Обрадовиќ по 3 гола.
More from ВестиMore posts in Вести »