Press "Enter" to skip to content

Ординацијата “Д-р Чипуровски“: хепатоцелуларен карцином

Со д-р Васил Чипуровски, претставувајќи ја  специјалистичката интернистичка ординација “Д-р Чипуровски“ во Битола, информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  За истите  постои голема заинтересираност.

Овој пат  Д-р Васил Чипуровски зборува за примена на ехото во дијагностицирање на хепатоцелуларен карцином, за што вели:-Туморите на црниот дроб се бенигни како хемангиомот, фокална нодална хиперплазија и малигни како хепатоцелуларниот карцином, холангиокарциномот, можат да се примарни и секундарни метастатски депозити кои се прошириле во хепарот преку крвта, лимфните патишта или по соседство. Хепатоцелуларен карцином е најчестиот карцином на црниот дроб етиопатогенезата е непозната .

Ризик фактори се Хроничен хепатит Ц, ХХБ, афлатоксинот, алкохол, цироза кои водат до нарушување на функционирање на хепатоцитите и развој на карцином.

Најсоодветна превенција е навремено откривање на вирусните хепатитис Б и Ц и нивно лекување. Постојат клинички неколку форми и тоа туморска со појава на болка под ДРЛ, палпабилна маса на ниво на црниот дроб, асцитес, жолтица, температура, потоа псевдотуморска форма со висока температура која не реагира на антибиотици антипиретици, малигнизирана цироза  и метастатски форма кога првите симптоми се од далечни метастази во коски, бели дробови лимфни јазли итн.

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничка слика, анамнеза, лабораторија ехо наод на абдомен или КТ по потреба и биопсија.

Лекувањето е во зависност од стадиумот хемотерапија, зрачна терапија се до парцијална хепатектомија и трансплантација на црн дроб во високоспецијализирани медицински центри.

ПЗУ “Д-р Чипуровски“се наоѓа на улица “Игњат Атанасовски“ б.б. во комплексот “Веро“, а во ординацијата има и апарати за испитувања и на други органи како уво, око, грло, нос. 

Телефон за закажување и други информации: 075/32 64 18.

 

More from СоветиMore posts in Совети »