Пелистер – Велешта 3:1 (2:0)
Екипата на Пелистер денес во Битола, на “Ќумурното“ игралиште го одигра последниот контролен натпревар, во серијата натпревари кој ги планираше новиот тренер Марјан Секуловски. “Пелистерци“ ја победија екипата на Велешта со 3:1, полувреме 2:0.
Секуловски на овој натпревар на терен извади екипа која играше во состав без многу промени од претходните два натпревари, а според тоа тие фудбалери ќе бидат костурот на екипата во првото првенствено коло оваа пролет.
Денес во екипата на Пелистер, пробен натпревар одигра интернационалецот Келвин Чукумва, кој можеби е ново засилување на крилна позиција. Чукумва постигна два гола на денешниот натпревар.
Во претходните два натпревари екипата на Пелистер го победи Вардар од Неготино и со Воска Спорт играше без голови.










