Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа над Партизан стартуваше во СЕХА лигата

Партизан – Еурофарм Пелистер 23:25 (10:13)

Еурофарм Пелостер од Битола со победа во Белград против екипата на Партизан ја започна СЕХА лигата, во натпревар кој помина во знак на “пелисерци“, а победата е сосема заслужена иако во еден период белграѓаните имаа добри минути. “Пелистерци“вечерва се враќаат за Битола, а среда гостуваат во Скопје.

Отворањето на натпреварот беше изедначен за двете екипи, со цврсти одбрани и игра гол за гол. По неколки одбрани на Секељи и голови во мрежата на Партизан беше  6:10 во 21. минута.  Потоа се  одржуваше разлика од 4 или 5 гола, за на полувреме се замина со 10:13.

На стартот на вториот дел Еурофарм Пелистер во 35. минута имаше и 11:16, а потоа беше и 15:19.  Партизан во средината на вториот дел дојде на 18:19, а следуваше и израмнување 20:20. Костески еднаш и двапати Граџан погодија за 20:23 во 55 минута, а до крај искусните ракометари на Еурофарм Пелистер ја одржуваа разликата за конечни 23:25.

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мараш со 7, Граџан со 5 и Табоада со 4 гола.

More from ВестиMore posts in Вести »