Тренер на КК Пелистер, Марјан Илиевски, по победата над Младост Земун, на официјалната прес конференција по завршувањето на првиот натпревар од четвртиот “балон“ во АБА2 лигата во Бања Лука рече:
-Нови сме во ова натпреварување, ни требаше период за адаптација за натпреварите, а се надевам дека тоа го направивме. Игравме добро и претходно, но несреќно ги загубивме некои натпреаври, а реално имавме проблеми на тие средби. Не би издвоил ниту еден сегмент од денешниот натпревар како најдобар. Имавме добар пристап и тоа ме радува. Со изменет ростер и играчи победивме екипа која игра сè подобро, а го искористивме проблемот кој го има противничката екипа, со повредни кошаркари, на кои им посакувам да се вратат на терен. Кесар блесна, ама не сакам да го издвојам бидејќи сите играчи одиграа перфектно.










