На ден пред започнувањето на пролетниот дел од Првата фудбалска лига, под Тумбекафе во Битола тренерот Секуловски го одржа последниот тренинг, а Пелистер може да биде задоволен од тоа колку нови фудбалери има во тимот, со оглед на тоа дека доцнеше со стартот на зимските подготовки.
Битолски Пелистер донесе ново име во своите редови, во одбраната го ангажира Андреј Ричков, 23-годишниот централен дефанзивец, кој може да игра и на бековска позиција.
Ричков доаѓа како слободен фудбалер, откако претходно настапуваше за Саса од Македонска Каменица, а зимските подготовки ги почна Вардар, а во Битола се надева дека ќе има поголема минутажа.










