Press "Enter" to skip to content

Кугларите на Пелистер поразени на контролата во Бачка Топола (фото)

Јединство – Пелистер 6:2

Кугларите на Пелистер од Битола денес во рамките на викенд подготовките во Војводина, Србија го одиграа контролниот натпревар против екипата на Јединство од Бачка Топола, со разултат 6:2.-В0 натпреварот загубивме од домаќинот Јединство со резултар 6:2. Иако не бевме во полн состав, сепак реално домаќините беа доминантни иако и ние имавме светли мигови. Кај нас поените ги освоија Поповски и Миливојевиќ, вели Игор Михајловски.Екипата на Јединство имаше 3.347 соборени дрвца, а Пелистер имаше 3.260 соборени дрвца. Во екипата на Пелистер настапија: Цане Поповски (553), Пеце Димовски (558), Арслан Арслановски (532), Љупчо Спировски (500), Милош Миливојевиќ (581) и Игор Михајловски (536).

More from ВестиMore posts in Вести »