Press "Enter" to skip to content

ЖФК Топ Гол започна со одигрување на контролните натпревари

Топ Гол – Саса 0:4 (0:2)

Сениорката женска екипа на Топ гол го одигра својот втор контролен натпревар пред стартот на првенството. На фудбалското игралиште “Павел Шатев“ во Битола битолчанки спаруваа со шампионот ЖФК Саса од Македонска Каменица. Натпреварот заврши со победа на гостите со конечен резултат 0:4 , на полувреме 0:2.

Шефот на стручниот штаб, Кире Грбевски, ни го изјави следното:

-Честитки за двете екипи за фре-пле односот за време на целиот натпревар, на овој меч им дадов шанса на 20 фудбалерки и полека добивам претстава за сликата на тимот. Саса е далеку поискусен тим и им посакувам успешна борба за шампионската титула. Задоволен сум од играта и борбеноста на моите фудбалерки но ќе мора да работиме на завршница во следниот период. Следната сабота закажан е контролен натпревар на кој ќе се фокусираме на детали на играта.

Претходно сениорките на Топ гол одиграа пријателска средба со пионерите на ФК Пелистер.

More from ВестиMore posts in Вести »