РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека од денес започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен кој ќе се одигра во Битола во вторник, 22 февруари – 18:45 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“.
Билетите по цена од 250 денари може да се купат во:
– билетарница на спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола пред почетокот на натпреварот
– БРОДЕРС ТОБАКО
– ДИМПО ТОБАКО
– На веб страницата www.kartieurofarm.mk
Можност за присуство имаат љубителите на ракометот со: вакцинален сертификат или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, од денот на излегување од карантин.










