Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер елиминирани на стартот од Купот, поразени од ТФТ

Пелистер – ТФТ 93:105

Екипата на Пелистер од Битола не избори полуфинале од Купот “Благоја Герогиевски-Буштур“, по денешниот пораз од екипата на ТФТ која го изненадија фаворитот од Битола. Пелистер втора година по ред го завршува натпреварувањето уште во четвртфиналето.

По шест минути игра ТФТ поведе со 23:18, а и по тајм-аутот на Илиевски, ништо не се промени и резултатот беше 32:21  по првата четвртина. По четири. минути од втората четвртина, ТФТ стигна до +12, 27:39, благодарение на постигнатите “тројки“.  Дури во последните секунди од првото полувреме, „пелистерци“ се симнаа на едноцифрена негатива -9 47:56.

По одморот, Пелистер дојде до подносливи -5 (51:56). ТФТ замина на двоцифрена разлика во 26. минута 60:71, а потоа и на 61:77, а за крај на третиот дел беше 68:84. Во одлучувачкиот последен период Пелистер не влезе најдобро, имаше дури -18 поени и изгледаше дека сè е готово. Сепак, битолчани дојдоа и на -6, ама со сигурна игра во завршницата ТФТ се радуваше. 

Кај Пелистер најефикасен беше Никола Малешевиќ со 29 поени.

More from ВестиMore posts in Вести »