Татабања – Еурофарм Пелистер 25:21 (11:11)
Екипата на Еурофарм Пелистер во рамките на претпоследното коло од “Д“ групата од Европската лига загуби на гостувањето во Унгарија, од екипата на Татабања со резултата 25:21, полувреме 11:11.
Со проблемите во одбраната ракометарите на Еурофарм Пелистер лошо го почнаа натпреварот, а Унгарците направија 3:1 во 5. минута. Потоа ракометарите од Битола израмнија на 4:4, а во 18. минута Татабања имаше +2 8:6. Со головите на Стипе Мандалиниќ “пелистерци“ израмнија во 21. минута, а потоа поведоа 8:9. До крајот грешеа двете екипи и на одмор за отиде со 11:11.
Вториот дел започна со водство од +2 за Еурофарм Пелистер, а потоа Татабања со серија од 3:0 поведе со 1 гол. Во 10. минута беше 18:18 по што следуваше водство на Татабања со +2. Битолчани останаа без сили во финишот и не испеаја да направат престврт во своја корист.
Во екипата на Еурофарм Пелистер најефикасен беше Стипе Мандалиниќ со 10 гола, по три пати погодија Периќ, Маџовски и Граџан, а Радовиќ со два гола.










