Press "Enter" to skip to content

“Вулкан“ нова инструментална композиција на кларинетистот Благојче Трајковски (фото+видео)

Неодамна, во музичкиот етер излезе новата инструментална композиција на кларинетистот Благојче Трајковски со наслов „Вулкан“. Атрактивно и виртуозно музичко парче каде што Благојче е придружуван од познатиот Џамбо Агушев на труба, а како специјален гостин се појавува виртуозот на гитара од Бугарија Ангел Демирев.“Вулкан“ е авторско дело на Благојче во аранжманско обликување на вонсерискиот музичар Димитар Христов, аудио продукцијата е дело на Дејан Момироски, а видеото го реализираше “Веста Продукција“. Покрај претходно споменатите музичари, во ова дело учествуваат и: басистот Иван Кукиќ, тапанарот Благоја Антовски, перкусионистот Ратко Даутовски и гитаристот Петар Миланов.

-“Вулкан“ е една многу ведра, лесна и брза композиција каде што секој од инструменталистите остава по еден свој значителен белег. Благодарен сум на Димитар Христов за посебната енергија во аранжерското обликување. Џамбо ми е брат по музика и секое музицирање со него, за мене е посебно задоволство. Ангел Демирев е раскошен виртуоз кој на оваа композиција и‘ даде една посебна боја и сенс, а Иван, Благоја, Ратко и Петар уште еднаш покажаа и докажаа дека се светска класа на музичари. На сите им благодарам од срце, ни изјави Благојче Трајковски.Уште од самото промовирање, оваа композиција стана вистински хит. Наиде на многу позитивни реакции и воодушевувања низ целиот Балкан. А, во блиска иднина Благојче најавува уште едно музичко парче со истата екипа.

More from ЗабаваMore posts in Забава »