Press "Enter" to skip to content

Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фотогалерија)

-Населението што се доселувало во Битола со себе ги носело и своите обичаи, си имале своја слава. Но, си имале и една најголема, заедничка, градски,односно селски Велигден.

-Гостите од селата кои доажале во Битола, го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата.По пауза од две години кога не се одржуваше оваа вековна традиција, годинава со намалување на мерките за заштита од ковод-19, попладнево со почеток во 14 чааот  жителите на една од најстарите битолски маали, Јенимаале (Гинимале) ја одбележаа и ја продолжија вековната традиција Градски-селски Велигден, која само тука се одбележува на овој начин.Како и изминатите години така и оваа година по повод овој празник се одржа дефиле низ улиците на населбата Јенимаале, кое заврши на Сретсело.Во Јенимаале гостин беше и градоначалникот на Битола, заедно со своите најблиски соработници и дел од советниците од Советот на Општина Битола.Манифестацијат започна традиционални, со доѓањето на дефилето во кое беа  вклучени групи од Културно – уметничкото друштво “Илинден“ кое од од оваа населба, а низ јенималските улици  продефилираа членовите на детскиот ансамбл, предводени од членовите на оркестарот на “Илинден“.Повозрасните жители на оваа населба денес се присетија на оваа стара традиција која единствено тука вака се одбележува.Се потсетија, како рекоа, на едно не така одамна минато време, кога оваа населба на овој ден беше претесна да ги прими сите гости, а сите куќи беа отворени, а на Сретсело во гужвата се играше оро, имаше панаѓур…

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »