Со дарување крв од десетици вработени во “СН финансии“, успешно заврши планираната крводарителска акција организирана заедно со вработените во “ЈК травел“, “Голд Фелиција“, “Голд Слот Казино“ и “Евротип“. Со овој хуман гест, кој традиционално го практикуваат голем број вработени во оваа комапнија, тие даваат придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.
Помеѓу вработените има и вистински рекордери, кои многу пати досега имаат дарувано крв, па заслужено имаат добиено и признанија. Како општествено одговорна компанија, “СН финансии“ заедно со Заводот за трансфузиологија им се заблагодари на хуманоста на вработени.
-Веруваме дека и во иднина крводарителските акции ќе ја остварат својата цел и ќе инспирираат и други организации и индивидуалци да се приклучат со дарување крв, стои во нивното соопштение.

Десетици вработени во “СН финансии“, “ЈК травел“, “Голд Фелиција“, “Голд Слот Казино“ и “Евротип“ даруваа крв
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)
- “Папал дизајн“ – 35 години творештво, визија и трајни вредности – од крфица до битолски бренд (мега фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)





