Во големата сала на Народниот театар во Битола, со претставата “Макбет“, која се одигра на големата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во режија на Грегор Суски, а во изведба на Драмски театар “Александар Вегиерко“, од Бјалисток, Полска, започна осмото издание на Битола Шекспир фестивал.
После двегодишна пауза, поради ковид пандемијата, вечерва започнува осмото издание на “Битола Шекспир Фестивал“, во рамките на “Битфест“, фестивалот, кој е во организација на Народен театар – Битола, годинава се одржува под мотото “Мислата е слободн“, цитат од делото “Бура“ на Шекспир.
Изведбата на Драмскиот театар Александар Вегиерко во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот. Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во постановката на Магбет во Бјалисток. Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но и ликовите на Вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го тераат да сфати дека во него е она што всушност го нема …
Вљубениците во театарот и почитувачите на делата на големиот автор Вилијам Шекспир, до 30 јуни, ќе можат да проследат повеќе театарски претстави во изведба на театри од: Полска, Црна Гора, Албанија, Италија и Бугарија.
Општина Битола, продолжува со поддршка на овој фестивал, кој е од големо значење за градот и неговата промоција во светски рамки. Градоначалникот Коњановски, посакувајќи им пријатен престој во Битола на театарските екипи од другите земји, посака реализација на уште едно успешно издание на “Битола Шекспир фестивалот“.
-“Битола Шекспир фестивалот“, како манифестација која ги надминува локалните и националните граници, претставува едно од значајните обележја за високиот квалитет на битолското културно лето. Верувам дека, оваа година Народниот театар од Битола, како организатор на овој фестивал, ќе реализира богата програма, а многубројната публика, ќе ги потврди нашите заеднички желби и заложби, Битола да реализира квалитетна програма, која одговара на високото ниво на другите фестивали од Асоцијацијата на европски Шекспир фестивали, напиша градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски.

Започна 8. издание на “Битола Шекспир фестивал“ со “Магбет“ на полски јазик (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен
- Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
- Велчо Петровски – Папал: по 50 години заедно “вртење“ на парето, Василица без мазник е само датум, Василица без друштво е пораз
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ќе судат дерби на Европкското во Данска
More from КултураMore posts in Култура »
- Изложбата „ВЕЧИТО – Богдан Богдановиќ“ ќе биде поставена до крајот на јаниари во Завод и музеј Битола
- Сефедин Бајрамов со нов концерт пред битолчани, “Прстен за неа“ на 12 февруари
- Зимска приказна во Битола на осум локации, 200 часа програма, 67 бендови и над 20 соло изведувачи…
- Ана Талевска од Битола со инструменталната оркестарска верзија на “Рождество Твое, Христе Боже наш“
- Божиќен концерт со кој се празнуваше раѓањето Христово – “Свет, Свет, Свет“ (фотогалерија)









