Press "Enter" to skip to content

Ненад Лазиќ: “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ ќе биде препознатлив бренд во планинското трчање

Иако поминаа петнаесетина денови од одржувањето на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во Битола, на Пелистер, коментарите за одличната организација од страна на натпреварувачите и со тоа и препораките за учество на голем број на тркачи за наредната сезона, а најголем број од нив доаѓаат “на сметка“ на директорот на трката Ненад Лазиќ. За овие одлични препораки кои доаѓаат од сите страни тој вели:

-Секој коментар го доживуваме како награда за тоа што го направивме сите заедно, но сега на стартот морам да споменам и некои кои беа со нас, работеа со нас, но неоправдано не ги споменавме до сега. Тоа се нашите три дами кои рамноправно работеа со сите нас, пакуваа храна, ги поделија стартните броеви, беа на пунктовите, Наташа Грамосли, Виолета Ристевска – Лазиќ и Ребека Алексовска. Сите ние, јас, трите дами, лицата кои беа вклучени во целосната организација, волонтерите, можат да бидат горди на ова што го направивме, а “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“  е на пат на стане балкански бренд во планинско трчање и додава:

-Сите бевме сериозни и одговорни во она што го работевме и сите сакаа да помогнат околу организацијата на трката, што се покажа одлично сработено. Ние можеме да имаме и стотици и стотици тркачи, но без организација каква имавме трката не можеше да се одржи.

Затоа уште еднаш сакам да му се заблагодарам на сите волонтери, оние кои беа низ градот и оние кои беа на пунктовите кои се на планина, вои најложи временски услови.Како понатаму Лазиќ вели:

-Се она што го направивме, а другите го оценуваат одлично, ни дава мотив идната трка да биде подобро организиран трка, а ние сите ќе бидеме уште повеќе подготвени да ги пречекаме маратонците кои ќе се пријават идната година, без разлика на бројот. Идната година ќе направиме бум, ќе имаме најдобра “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“  трка на Балканот.

Но, секако иако организаторите имаат се но сепак беа финансии не може да се организира ваков голем настан кој трае неколку дена, а подготовките и со месеци.

-Не е лесно да се организира оваа трка ни на финансиски план. Ова година имавме финансиска поддршка од институции и приватни компании кои ни излегоа на нашите барања. Со оглед на буџетот кој го имавме за оваа трка, направивме многу повеќе, а доколку имаме поголем буџет ние ќе направиме уште поголем спектакл во Битола. Еве ова нека биде покана до оние кои размислуваа дали да не помогнат или не тоа да го направат. Нека ги погледнат фотографиите, видеата, рекламните спотови, коментарите, впечатоците на гостите и нека ни се приклучат за идната трка, ги уверувам дека ќе бидат горди дека биле дел од тоа што ќе се случува, како спонзор, донатор или како ќе одлучат на друг начин. Сакаме преку поголем буџет да привлечеме голем број на тркачи од Битола. Имаме потенцијал да имаме масовност во овој спорт, но секако ни треба промоција, а за промоцијата на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ вели Лазич, кој за тоа како ќе ја ромовираат трката вели:

-Имаме план како да го промовираме ова што е направено. Веќе се зборува за нас во тие ултра маратон кругови, но секако ни треба уште. Планираме во текот на цела година на некои трки да имаме свои тркачи, но и со екипа која ќе прави промоција на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ . Прво ќе одиме на трките на Балканот и Хрватска и Словенија, а потоа се надеваме и на завршната промоција во Франција каде ќе има илјадници тркачи, а таму е централниот настан и финале на тркачката сезона. Ќе подготвиме голем број на помотивни материјали кои навреме ќе ги дистрибиураме на разни начини.

Здружението кое ја организира трката нема спортски клуб кој ќе биде база на идните спортисти, а за тоа Лазиќ вели:

-Немаме свој клуб каде ќе бидат на едно место сите битолски тркачи, а зошто да не и други од државата и странство. Ќе работиме на промена на статутот на здружението и ќе формираме клуб за брзо. Ќе ги анимираме тркачите од Битола, ќе фомираме тим, каде ќе ни се приклучат нови членови, идни планински маратонци.

За плановите како идната сезона ќе биде поставена трката Лазиќ вели:

-Во Македонија има две трки, а веќе сите кои беа таму и кај нас  потврдија дека “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ има посебна тежина, и е одлична не само за Македонија и дека е многу тешка и захтевна трка на 104 километри која бара посебна физичка и психолошка подготвеност. Сега со вакви параметри не гледам дека на Балканот може да се најде ваква патека. Ние ќе работиме и на зголемување на патеката,во километри и нивелација и да ги добиеме тие шест фамозни “итра“ поени. Тоа за трката значи дека трката ќе добие на тежина, натпреварувачите ќе ги добиваат тие шест бода, а ќе доаѓаат за престиж и светски тркачи. Но, ова ќе значи дека ќе треба уште поголема организација, беа никакви грешки, а ние ќе работиме на тоа и можеме да го постигнеме. Ако се ова го стаботиме како треба ќе можеме да се презентираме во Франција, а тоа за нас ќе биде маркетиншки врв. Таму ќе има 10.000 врвни тркачи од цел свет, а ќе имаат можност да не видат, да не препознаат како бренд од Битола, на највисоко ниво.

С.Ристевки

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »