Press "Enter" to skip to content

“Народен пратеник“ во изведба на Македонски народен театар вечер на “Бит фест“

Денес во Битола, како дел од програмата на битолското културно лето “Бит фест“, вљубениците во театарот, денес, со почеток во 20.00, на сцената на Народниот театар во Битола, ќе имаат можност да ја проследат театарската претстава „Народен непријател“, во изведба на Македонскиот народен театар. Влезот за претставата е слободен.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Премиерната изведба на претставата беше во мај годинава, а истата е добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа за: наградата за уметничко остварување, наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ.