Муслиманските верници во Битола и во целиот свет денес го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам, како што уште се нарекува празник на жртвата, затоа што тогаш се принесува жртва – курбан, а се карактеризира со тоа што побогатите им помагаат на сиромасите.
На сите верници во Битола празникот им ги честита муфтијата Амит Расими.
На Бајрам се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.
На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Во Битола таа се одржа во сите џамиии.
Потоа голем број на верници ги посетија и старите Турски гробишта кај населбата “Ушици“ и новите муслимански гробишта.

Муслиманските верници во Битола го прославуваат големиот исламски празник Курбан Бајрам (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Еурофарм Пелистер ги започна подготовките во Битола, без репрезентативците и новиот тренер (фотогалерија)
- Билтен на МВР: физички напад врз полицајци, тешко повреден пешак, сообраќајка – едниот возач со 1,81 промили алкохол во крвта, малолетничко насилство, апсење за дрога…
- Битолчанец со “киа“ возел со 1,92 промили алкохол во крвта, веднаш бил приведен
- Бабарите во некрстените денови во Битола ги бркаат ѓаолите, вештерките и караконџолите (фото)
- Велчо Петровски – Папал: по 50 години заедно “вртење“ на парето, Василица без мазник е само датум, Василица без друштво е пораз





